Неколку пријавени тепачки и пресметки во Скопје, едно лице побарало и лекарска помош

Неколку случаи на тепачки и меѓусебни пресметки, со нарушување на јавен ред и мир, регистрирала полицијата на територија на Скопје.

Во еден од случаите повредено лице побарало лекарска помош во Градската болница. Се работи за следниве регистрирани прекршоци:

-На 29.05.2021 околу 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на пекара на подрачје на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(21) од Куманово и С.Џ.В.(29). Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

-На 29.05.2021 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред пошта на подрачје на Кисела Вода, поради меѓусебно недоразбирање, Д.А.(20) физички го нападнал Н.М.(23). Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

-На 30.05.2021 околу 21.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на Полициската станица Чаир, поради нерасчистени соседски односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ш.(40) и А.Б.(39) од една страна и А.П.(49) од друга страна, сите од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

-На 31.05.2021 во 01.53 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош се пријавил З.Е.(30) од Скопје. Според неговиот исказ, додека претходно се движел пеш по ул.„Христофер Жефаровиќ“, бил нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.