Нека слушнат политичарите: „Донирај Компјутер“ е запишана во историјата со донирани над 5.000 компјутери

„Донирај Компјутер“ веќе е запишана во историјата како прва и единствена иницијатива во Македонија и пошироко која успеала да донесе, поправи, среди, спакува и испрати над 2500 компјутери на социјално загрозени семејства и училишта низ цела држава. Ова го сподели главниот „виновник“ за оваа благородна мисија Борче Стаменов кој сподели дека е горд на оваа бројка на донирани компјутери.  

- Ако некоаш решите да се фрлите на добротоворна и хуманитарна работа каде секојдневно ќе имате директен судир со реалноста, бидете припремени на сериозна емоционална бура. Имајте предвид дека можеби секој ден ќе плачете. Ама секој ден и тоа по повеќе пати па не знам колку и да сте ладни. Понекоаш тоа ќе биде од среќа, а понекогаш и самите животни околности кои ќе ви се поклопат едноставно ќе ве распараат по сите шевови. Ќе се препознавате во човечки судбини и ќе се шиете секојдневно, ќе си ги собирате парчињата душа насекаде околу вас. Реков еднаш и ќе повторам, оваа работа не е за емотивци. Ова ви зборуе претерано емотивен човек кој и на филмови рика оти премногу се поврзуе со ликовите и темите. Тоа имав да кажам за хуманитарната работа, порача Стаменов на својот фејсбук профил. 

Како што објави тој сезоната ја завршуваат со донирани 2.512 компјутери и вели дека оваа вест посебно треба да ја слушнат политичарите. 

- Да знаат дека у Кавадарци има еден човек кој со своите десетина волонтери (а се многу повеќе), средношколци, успева со својата иницијатива „Донирај Компјутер“ секому да му даде шанса за еднакво и квалитетно образование, вели Борче.