Борче од „Донирај Компјутер“: Ќе ги прекинеме соработките каде има сомнеж за злоупотреба на основа на глумење емоции

Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ се огласи по повод акцијата за собирање на помош на едно семејство од кратовско. 

- Должам извинување за ситуацијата во кратовско Секулица. Иако реков дека ќе послужиме само како собирна точка за донациите, сепак чувстувам одговорност за ситуацијата која настана и за која верувам сите прочитавте. Од денес „Донирај Компјутер“ веќе нема да се вклучува во такви активности се додека не добиеме потврда од терен дека навистина се работи за социјално загрозено семејство. Исто како што си правиме за нашата иницијатива, праќаш доказ, добиваш компјутер. Ќе ги прекинеме и соработките со секој каде се појавил или докажал сомнеж за злоупотреба на основа на глумење емоции. Се извинуваме од наше име, порача тој на својот фејсбук профил. 

Хуманитарната акција во кратовско Секулица која се покрена по емитувањето на емисијата „Срце на дланка“ беше прекината откако се откри дека е злоупотребена помошта, а приказната е не целосно вистинита.