Борче со апел: Донирајте ИТ опрема, да ги направиме овие празници поубави и посреќни за сите деца

Борче Стаменов, главниот „виновник“ што и децата од социјален ризик имаат компјутер со апел во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници. 

Тој повика сите што се во можност да донираат опрема, од која тој составува компјутери, кои потоа им ги донира на деца чии семејства не се во можност да им купат уреди. 

- Идат празници. Новогодишни пакетчиња мислам дека веќе обезбедивме. За да му ги разубавите празничните денови некому кој не го ни познавате, може да ја ширите веста за ДонирајКомпјутер. Зборувајте на работа, на кафе со пријатели, шернете го апелов: секој кој има нешто за донирање од страна на ИТ опрема, може да ја достави донацијата во било кој салон на Neptun. Ако сте компанија која има опрема за донирање, може да ни се обратите на donirajkompjuter@gmail.com или на нашиот телефонски број 071288802 секој работен ден од 10 до 16 часот или да ни пишете на фан страната. Да ги направиме овие празници поубави и посреќни за сите деца, порача Стаменов во објава на фејсбук. 

Инаку, неодамна Обединетите Нации го прогласија пристапот на интернетот како основно човечко право.

Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, а добитник на наградата годинава е токму Борче Стаменов.