Негативните мисли за другите се во вас, а не во нив!

Негативните мисли за другите се во вас, а не во нив. Тие ве разоруваат вас, а не нив!

Ослободете се од тој отров, отров кој ќе ја распарчи вашата душа. За да се ослободите од потребата да озборувате, критикувате, напаѓате, омаловажувате и да ги понижувате другите, морате пред тоа да се ослободите од негативните мисли кои ги носите во себе.

Тоа е цената на вашиот мир. Затоа, секогаш преиспитувајте се колку добро ги познавате, можеби знаете само површни работи, но не и целата приказна низ која поминале.

Колку пати се случило од вас да излезе лош збор за друг човек и потоа сте се плашеле дека тој збор ќе допре до нив? Тоа чувство на подвоеност ве распрачува, тоа чувство во кое од една страна сакате на другите да им се допаѓате, а од друга страна ви одат на нерви и истовремено имате потреба да им се приближите, но и да побегнете што подалеку во моментот кога подобро ќе ги запознаете. Колку ноќи сте поминале загрижени за другите, а не за себе?

А таа негативност не е само мисла, тоа е разбивање на вашиот дух, уништување на вашата сила, губење на вашиот фокус. И кога сѐ ќе се собере и одземе, сфаќате дека со тие негативни мисли за другите, вие сте тие кои највеќе губите. Всушност, вие сте единствени кои губите. Другите не ни знаат што се случува во вас, зошто ви одат на нерви и зошто се однесувате така.

Престанете да се занимавате со другите! Живејте го својот живот. Во мислите гледајте го својот пат, а не нивниот.

Бидете силни кога ќе им се спротиставувате на своите лоши мисли, тие се вашиот најголем непријател, а не другите луѓе.

Отворете се и комуницирајте. Кога тоа ќе го направите, сите ѕидови ќе почнат да се рушат. Тогаш ќе видите колку сте слични и нема да имате потреба да имате негативни мисли за нив!