Како да се ослободите од негативни мисли и да почнете поинаку да го гледате светот?

Размислувањето за негативни работи никому не донело ништо добро. Но, не можеме секогаш да ги запреме тие мисли, од различни причини. Но, што и да се случило, време е да се продолжи со животот. Време е да престанеме да размислуваме негативно! Како? Во неколку едноставни чекори!

Чекор 1: Бидете свесни за своите мисли

Понекогаш, негативните мисли заземаат огромен дел од нашите животи дотолку што повеќе не ја забележуваме негативноста на нашите мисли. Еднаш кога ќе станете свесни за своите мисли, ќе можете се почесто да ги заменувате со позитивни мисли, сѐ додека позитивните мисли не ви станат основа на мисловниот процес. Што и да ни се наоѓа во мислите, влијае на светот околу нас, на нашата реалност. Негативните мисли ќе привлечат само негативни работи.

Чекор 2: Избегнувајте да користите негативни фрази

Обрнете внимание на тоа како ги започнувате своите реченици. Дали ги започнувате обично со: „Јас не можам“ или „Јас не...?“ Тие зборови автоматски ставаат ограничување на она што можете да го правите. Да, можете! Затоа, обидете се да ги почнувате речениците со позитивна конотација. Сосредоточете се на „Јас можам“ и верувајте дека наскоро ќе ја забележите разликата.

Чекор 3: Престанете да им замерувате на луѓето

Замерките не постигнуваат ништо. Одмаздата не служи никому. Тие работи се негативни и ја расипуваат душата. Ако навистина сте одлучни во запирање на негативните мисли, ќе морате да дозволите некои стари навики да умрат. Научете да го отфрлате минатото. Фокусирајте се на сегашноста. Сѐ додека им замерувате на луѓето никогаш нема да може да се ослободите од негативните мисли. Како резултат на тоа, никогаш нема да можете да живеете живот по своја мерка. 

Нема да биде лесно, но ќе вреди. Време е да престанете со негативно размислување. Време е да размислувате како победник. Еднаш кога ќе се префрлите на позитивно размислување, ќе почнете да го гледате светот на сосема поинаков начин.

~ Мајкл Ли