Не тргнувајте без зимска опрема - Каква е состојбата на патиштата утрово?

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Слаб снег провејува на Попова Шапка и Стража, но во моментов не претставува пречка за одвивање на сообраќајот.

Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес - Градско, на ден 15.01.2024 год. ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот, додека од 16.01.2024 до 18.01.2024 година затворена за сообраќај ќе биде во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На патниот правец Кичево - Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.