Не само уставните измени единствениот услов, тука се и двата протокола и договорот за добрососедство кои треба да се исполнат вели бугарската министерка Габриел

Она што сите го знаеме а власта на СДСМ и ДУИ не убедува дека не е така е дека уставните измени се само дел од она што треба да го исполни Македонија за да стане членка на ЕУ. Потврдата стигна од бугарската министерска за надворешни работи Марија Габриел.

- „Ние имаме три заемно сврзани инструменти, кои се дел од таканаречниот компромис од јули 2022 година, Уште повеќе, пак, ние имаме и многу јасна позиција на Народното Собрание“, рече Габриел прашана што се случува со преговарачкиот процес на Македонија за присоединување со ЕУ, дали земјата го почитува тоа што е побарано од неа, и каков е ставот на Бугарија.

Таа исто така посочи дека иако се направени две технички средби во Софија и Скопје сепак нема напредок по темите кои треба да се решат и дека нивните позиции се многу јасни а тоа го знаат сите во Европската Унија. Според неа тоа е обврска која ние како држава сме ја презеле и која треба да исполниме.

- „Кога сакаш да бидеш член на ЕУ треба да ги исполниш обврските што ти самиот си ги презел“, рече Габриел и додавајќи дека Бугарија немала билатерален проблем со Северна Македонија, туку во име на заедничкиот европски интерес му укажувала на Скопје што значи да сакаш да бидеш членка на ЕУ.