Нападната медицинска сестра во Струшката болница

Портпаролот Стефан Димоски од СВР Охрид информира дека А.Н. од струшкото село Велешта физички ја нападнал вработената Р.Н.(23) од истото село.

“ Вчера во 17 часот и 50 минути во ОВР Струга е пријавено дека во објект во состав на Општата болница во Струга, А.Н. од струшкото село Велешта физички ја нападнал вработената Р.Н.(23) од Велешта. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, изјави Димоски.

ОВР Струга, поднела уште една кривична пријава против стружанец откако тој агресивно се однесувал кон еден од вработените во Општата болница во Струга.

“ Поднесена е уште една кривична пријава против Б.С.(38) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“. На 16 овој месец пријавениот оштетил дел од инвентарот во хируршкото одделение при Општата болница во Струга и агресивно се однесувал кон еден вработен, информира Димоски.