Гостиварец со мотор излетал од патот, со тешки повреди пренесен е во болница

Вчера во 13 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Седек Костовски“ во Гостивар мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки управуван од 49-годишниот Л.Л. од гостиварско Чајле излетал од коловозот, извести СВР Тетово

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, додаваат од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи.