Мотоциклист прегазил малолетник, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 18.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид мопед „априлиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(23) од Охрид, удрил во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.