Поправал трактор кој се придвижил и го прегазил, со тешки повреди пренесен во болница

Градската болница во Прилеп пријавила бизарен настан. Кај нив бил донесен 70-годишен маж со тешки повреди. Тој вршел поправка на својот трактор кој се придвижил и го прегазил

„На 01.04.2024 околу 17.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Градска болница Прилеп со тешки телесни повреди бил донесен Б.И.(70) од с.Црнилиште, општина Долнени. Според пријавеното, додека го поправал тракторот во дворот од семејната куќа, тракторот се придвижил и Б.И. се здобил со тешки телесни повреди.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на настанот“ се вели во соопштението на МВР.