Најчевска: Кога мафијашот ќе стане власт, како да не му поверуваш дека целта му е влез во ЕУ?

Универзитетската професорка Мирјана Најчевска даде коментар за изјавата на вицепремиерот Артан Груби, кој кажа дека ќе се жртвуваат само Македонија да влезе во Европска унија (ЕУ).

-Кога мафијашот ќе стане власт, ќе украде сè што може да се украде, ќе создаде криминална мрежа заштитена од мрежа на корумпирани судии и јавни обвинители, кога корупцијата ќе ја претвори во доблест, како да не му поверуваш дека целта му била влез во ЕУ, објави Најчевска.