Најчевска: Кои се тие претци на Бугарите кои учествувале во создавање на македонската држава?

Професорката Мирјана Најчевска смета дека додавањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот нема да одговара на историјата и фактите.

Најчевска тврди дека нема историска оправданост во вметнување на Бугарите во Уставот.

- Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на с# што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро - Република Македонија - во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој...

Ваква каква што е преамбулата не одговара на историските факти. Доколку на сето ова се додадат и Бугарите тоа само по себе ќе биде извитоперување на историјата. Кои се тие претци на Бугарите кои учествувале во создавање на македонската држава како самостојна и суверена? Па целокупната историја укажува токму на спротивното дека Бугарите од петни жили се труделе да нема самостојна и суберена држава Македонија, објави Најчевска.