„И јас на невидено се согласувам да плаќам струја под истите услови како слупчанци“, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска реагира на објавите дека ЕВН постигнала договор со жителите на Слупчане.

Екипите на ЕВН не можеа да интервенираат во селото затоа што жителите им се закануваа, но компанијата наводно постигнала договор за обнова на мрежата.

- И некој ќе каже каков договор направиле жителите на Слупчане со ЕВН? Еве јас на ненавидено се согласувам под истите услови како нив да плаќам струја, објави Најчевска.

Според информациите, загубите во Слупчане се 80 отсто, а наплатата е 20 проценти.