Најавен уште еден прекин - Овие улици од Скопје без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради реконструкција на водоводна мрежа од ф 100мм на ул. Милан Мијалковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Караџица,ул.Милан Мијалковиќ, ул.Полог, ул.Кара Трифун и ул. Малина Попиванова.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 до завршување со санација на дефектот.