На ексклузивен настан кој минатиот викенд се одржа во хотелот Изгрев, Фибула ги најави плановите за сезоната која доаѓа. Компанијата која повеќе од 20 години е најсериозен двигател на туризмот во Македонија, на работилница на која присуствуваа партнери, новинари, јавни личности и претставници на голем број хотели од Турција и Грција ја откри амбициозната понуда за лето 2023 година.
Анталија, Бодрум, Хургада и Грција се дестинациите кои Фибула ги најавува за оваа година, а освен тоа во понудата на компанијата може да се најде крстарење по Егејот и индивидуални егзотични патувања. Два пати неделно чартер лет до Хургада и Бодрум и секој ден чартер летови до Анталија се само дел од плановите и најавите за ова лето.
Соработниците имаат можност на настанот да се запознаат со плановите на компанијата за оваа сезона, но и да слушнат информации за специјалните понуди кои компанијата ги нуди за оние кои веќе се подготвуваат за својот годишен одмор. За најуспешните агенти Фибула подготви и додели награди и благодарници, а гостите имаат неповторлива можност да се забавуваат со музиката на Елена Петреска, Bokaconga и Александар Тарабунов.
Ова беше професионален настан организиран на највисоко ниво, тоа се нашите впечатоци, но и на гостите кои беа дел од работилницата во Струга. Високото ниво на организација е само уште една потврда за високото ниво на услуга, но и за квалитетот кој компанијата веќе две децении го практикува во својата работа.
Задоволните патувачи со задоволство ги споделуваат импресиите, впечатоците и искуствата кои тие ги имаат патувајќи со Фибула низ светот. Досегашното искуство, одличните хотели и богатата понуда на Фибула дефинитивно ќе бидат причина Фибула да биде нашиот избор за летниот одмор оваа година.