На ексклузивен настан Фибула ја објави понудата за ова лето

На ексклузивен настан кој минатиот викенд се одржа во хотелот Изгрев, Фибула ги најави плановите за сезоната која доаѓа. Компанијата која повеќе од 20 години е најсериозен двигател на туризмот во Македонија, на работилница на која присуствуваа партнери, новинари, јавни личности и претставници на голем број хотели од Турција и Грција ја откри амбициозната понуда за лето 2023 година.

Анталија, Бодрум, Хургада и Грција се дестинациите кои Фибула ги најавува за оваа година, а освен тоа во понудата на компанијата може да се најде крстарење по Егејот и индивидуални егзотични патувања.  Два пати неделно чартер лет до Хургада и Бодрум и секој ден чартер летови до Анталија се само дел од  плановите и најавите за ова лето.

Соработниците имаат можност на настанот да се запознаат со плановите на компанијата за оваа сезона, но и да слушнат информации за специјалните понуди кои компанијата ги нуди за оние кои веќе се подготвуваат за  својот годишен одмор. За најуспешните агенти Фибула подготви и додели награди и благодарници, а гостите имаат неповторлива можност да се забавуваат со музиката на Елена Петреска, Bokaconga и  Александар Тарабунов.

Ова беше професионален настан организиран на највисоко ниво, тоа се нашите впечатоци, но и на гостите кои беа дел од работилницата во Струга. Високото ниво на организација е само уште една потврда за високото ниво на услуга, но и за квалитетот кој компанијата веќе две децении го практикува во својата работа.

Задоволните патувачи со задоволство ги споделуваат импресиите,  впечатоците и искуствата кои тие ги имаат патувајќи со Фибула низ светот. Досегашното искуство, одличните хотели и богатата понуда на Фибула дефинитивно ќе бидат причина Фибула да биде нашиот избор за летниот одмор оваа година.