Гости на отварањето беа претставници на дипломатскиот кор, бизнис-заедницата во земјата и во странство, како и претставници на образовниот сектор. Современите канцеларии, кои се лоцирани во центарот „Менхетен“ во Капиштец, на вработените им нудат простор за поголема соработка, комуникација, учење и пријателско расположение во миговите поминати во заедничка работа.
Британската ИТ-компанија „Дамила“ деновиве имаше официјално отварање на своите нови современи канцеларии во Скопје, во присуство на голем број видни гости. Канцелариите, кои се простираат на речиси 700 м2, се лоцирани во бизнис-центарот „Менхетен“ во населбата Капиштец. Гости на свеченото отварање беа претставници на Амабасадата на Обединетото Кралство, највисоки претставници на „Parent Pay“ и „ESS“, кои се британски бизнис-партнери на „Дамила“, вработените, како и многу други пријатели на компанијата.
- Од самиот почеток сакавме да создадеме простор во кој секој вработен ќе се чувствува удобно, инспириранo и мотивиранo да работи. Сакавме да создадеме простор во кој вработените ќе уживаат да го поминуваат своето време, ќе ја најдат својата удобност. Тоа е простор кој ќе поттикне соработка, комуникација, учење и пријателско расположение, кое е неопходно за мотивација низ миговите поминати во заедничка работа. Тоа се меѓу главните причини зошто дизјанерски го избравме овој концепт на канцеларии, овој отворен простор, во кој распоредот на седење е флексибилен и е воден од дневните активности. Тоа е простор што ги прави луѓето повидливи и поповрзани - изјави Иан Бишоп, основач и CEO на компанијата.
Во моментот, во „Дамила“ работат околу 50 ИТ-професионалци, со план нивната бројка постојано да се зголемува. Компанијата е основана минатата година од Иан Бишоп и активно работи веќе седум месеци. „Дамила“ е ангажирана од најголемата ed-tech компанија во Европа да го развие и усоврши нивниот производ, едукативна платформа која ја користат повеќе од 19.000 училишта во Обединетото Кралство и во уште 48 земји.
Основачот на „Дамила,“ Иан Бишоп, пред гостите на отворањето ги истакна вредностите на компанијата, кулутрата на постојано усовршување и надградба, работна средина во која се користат најнови технологии и процеси, предводена од искусни колеги, и средина која ќе им помогне на вработените да изградат успешна кариера и да ги подобрат и надградат своите знаења и вештини. Особено сме горди што градиме култура на постојано професионално усовршување и меѓусебна поддршка.
Тој особено ја нагласи Graduate-програмата на „Дамила“ која вклучува четиримесечна структурирана програма низ која ќе поминат студентите.
Со Graduate-програмата на „Дамила“ на учесниците им се нуди можност за кариерен развој со договор за вработување со сите бенефиции како за вработените во компанијата. Програмата е планирана да трае четири месеци, во која учесниците ќе бидат изложени на сите аспекти на циклусот за развој на софтвер, технологиите, процесите и алатките. Секој учесник ќе има можност да стекне практично искуство, да добие поддршка, да се развие и изгради клучни вештини потребни во ИТ-индустријата. Тие ќе користат најнова и најдобра технологија и ќе се обучат да креираат комплетни, иновативни и квалитетни решенија за нашите клиенти. Истовремено ќе работат и учат во средина од искусни и посветени колеги кои се докажани професионалци во ИТ-индустријата.
На оваа програма може да аплицираат сите студенти кои се последна година на студии или неодамна дипломирани лица.
Поради брзиот пораст на компанијата, истовремено расте и потребата од нови вработени. Процесот на вработување е континуриан и би сакале да ги охрабриме сите ИТ-професионалци кои сакаат да ја сменат работната средина, да аплицираат за отворените позиции и да му се придружат на нашиот тим.
комерцијална објава