Се ближи крајот на виолетовото лето – мистериозниот вкус на WTFanta ќе биде откриен утре на Школка

По два месеци лов на мистериозниот вкус на WhatTheFanta, виолетовото лето се ближи кон крајот – мистериозниот вкус на виолетовата „Фанта“ ќе биде откриен утре, 2 септември, на Школка во Градскиот парк во Скопје.

На настанот, чиј почеток е закажан за 12 часот, ќе присуствуваат и четворицата „ловци на вкусови“ – Иван Ајнштајн, Кике Цветче, Маја Кикириткова и Весна Петрушевска-Бејби, чија задача во изминатиот период беше да ги следат насоките и да ги наоѓаат трагите што водат до разрешување на мистеријата.

Потрагата почна од виолетовата виљушка која ги доведе ловците на вкусот до виолетова шпатула. Потоа Иван и Кике добија задача да засадат семе од растение, за кое, откако порасна, заклучија дека многу потсетува на јагода. На една од охридските плажи беше пронајдена следната трага - виолетов миксер, па ловците заклучија дека мора да станува збор за нешто креместо. Последната задача всушност беше загатка чие решение нè доведе до зборот „сирење“. Во меѓувреме Бејби експериментираше во WTF кујната и дојде до „необични сознанија“ кои несебично ги споделуваше со јавноста.

Многумина веќе претпоставуваат што се крие зад прашалникот, но за конечното откривање на мистериозниот вкус ќе почекаме до утре. Сите што ќе бидат присутни во Градскиот парк може да учествуваат и да ја играат финалната игра заедно со Иван, Кике, Маја и Весна. „Фанта“ за сите подготви многу изненадувања, кои ќе го направат крајот на овој лов уште позабавен.

Се гледаме на Школка!