МВР со детали за крвавиот инцидент меѓу малолетници во скопски автобус

Полицијата со детали за инцидентот во автобус во Скопје. 

На 22.09.2022 во 19.33 часот во СВР Скопје е пријавено дека полициски службеник задржал две лица кои кај Стара Рампа, во автобус бр. 51 го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници, во која бил употребен остар предмет. Имено, откако по вербална расправија за место за седење малолетник од с.Моране извадил остар предмет да нападне малолетник од с.Студеничани, не успеал во намерата и повредил малолетен другар од с.Студеничани, а се повредил и самиот, соопшти МВР. 

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници обезбедени се сите учесниц и во настанот, двајцата малолетници со посекотини на рацете биле  пренесени во ГОБ „Наум Охридски“. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.