Муцунски: Срамно е што прифаќаме да плаќаме автопат по 25 милиони евра по километар

-Не може насилно да се става европско знаменце на закон за да се избегне дебата и да се избегне дискусија за тоа дали нешто е добро или не, и под параванот на Европа да видиме грубо прекршување на процедурите на функционирање на парламентот и да видиме дека оваа Влада е се само не европска. Видовме во петокот и делегацијата на ЕУ и официјално го потврди ова, рече Тимчо Муцунски, градоначалник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „За или против“  на ТВ Алфа.

-Да погледнеме една нивна прес конференција, со која со ароганција и дрскост одбиваат отворено да зборуваат за реалните состојби во државата и уште да гледаме како објавуваат соопштенија во кои велат дека ова е европски чекор. Ова се граничи со политичка лудост, веројатно свесноста е висока и дека и покрај перцепцијата за висока корупција на сите им е јасно дека ова е најкорумпираната Влада, но истовремено и најнеспособната Влада. Власта е свесна дека е перцепирана како корупмирана и единствено решение се избори по што ќесе воспостави одговорност, рече Муцунски.

Муцунски посочи дека една од последните анкети говорат дека СДСМ ги чека историски слаб резултат.

-Затоа ова раководство на СДСМ треба да се порази и да има влада на добри мерки, да го вратиме дигнитетот на Македонија на меѓународен план, посочи Муцунски.

Тој се осврна и на Договорот за коридорите 8 и 10д посочувајќи дека партијата има пристап до содржината на истиот и според кој ќе се плаќаат 300 милиони евра во пенали.

-Срамно е што прифаќаме да плаќаме автопат по 25 милиони евра по километар. Прва обврска на новата влада ќе биде да има истражни мерки од органи кои се ослободени од политички стеги и сите овие прашања да ги истражуваат на правичен начин, кажа Муцунски.

Според него оваа власт на СДС и ДУИ ќе се памти по огромниот број на скандали, расипнички однос кон домашна економија, завршува учебна година немаат учебници учениците, потоа по тоа што здравството е во руинирана состојба...

Муцунски заклучи дека оваа власт презема обврски кои не може да се реализираат.

-Прво што треба да се направи е кога се става европското знаменце на закон не може да се спречи, но пратениците ќе дадат соодветен отпор, а за Уставот и за било какви промени под диктат не може да се прават, рече Муцунски.