Масовна поддршка од граѓаните, победата доаѓа - објави Муцунски по синоќешниот митинг во Скопје

Победата доаѓа! За сите нас. За заедничка, наша Македонија, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски по синоќешниот митинг во Скопје. 

- Со голем победнички митинг во Скопје, вечерва ја најавивме победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Граѓаните дадоа масовна поддршка, а таа ќе биде и официјално потврдена на претстојните избори. Македонија ќе биде просперитетна и безбедна држава, место во кое секој од нас може да го достигне својот потенцијал и да живее во економски и политички силна држава, објави тој на својот фејсбук профил. 

Претходно тој говореше дека сите анкети покажуваат дека граѓаните се незадоволни од власта.

- Многу анкети беа презентирани, анкети на ИРИ, анкета на Канал 5, сите анкети покажуваат дека примарно над 70% од граѓаните се незадоволни во кој правец се движи државата и најважно дека граѓаните препознаваат во ВМРО-ДПМНЕ надеж и со добри политики и мерки во интерес на студентите, пензионерите земјоделците, на деловниот свет, на сите граѓани на Македонија, рече Муцунски.