Муцунски: Со 30 сезонски билети, набавени од сопствени средства продолжува мојата поддршка за „Комити“ и Вардар

По вчерашната објава на навивачката група „Комити“, градоначалникот Тимчо Муцунски, утрово со сопствени средства набави 30 сезонски билети кои ќе бидат наменети за младите од Аеродром - страсни навивачи на Вардар, кои од каква било причина не се во можност да набават ваков билет.

Преку својата објава тој ги повикува вистинските љубители и навивачи на клубот, во текот на денешниот да го контактираат кабинетот со цел да ги добијат билетите. Доделувањето ќе биде по принципот, прв дојден - прв услужен.

- Секогаш од срце и со задоволство давам поддршка на иницијативите и проектите што со поврзани со спортот, традицијата и Македонија. Воедно ги повикувам и останатите градоначалници во Скопје, како и сите јавни личности, да го следат овој пример и на ваков начин уште еднаш да ја потврдиме силната и недвосмислена поддршка која ја даваме за враќаме на „Вардар“ на фудбалските терени“, напиша градоначалникот Муцунски.

Аеродром беше првата општина која на иницијатива на градоначалникот даде институционална поддршка за „црвено црните“, а овој пат градоначалникот Муцунски повторно дава лична поддршка за најдобриот македонски фудбалски клуб.

- Со нетрпение ги очекувам фудбалскиот натпревари каде од трибините уште еднаш ќе ја потврдиме поддршката за „Вардар“ која во следниот период ќе инсистирам да продолжи да се реализира преку низа иницијативи и соработки, објави Муцунски.