Муцунски објави видео од новиот комплекс „Патрик“ и најави нови капитални проекти

Првиот човек на општина Аеродром Тимчо Муцунски сподели видео од новиот изглед на новиот рекреативен комплекс во општината. 

- „Патрик“ сега е нов, модерен рекреативен комплекс на површина од 1600 квадратни метри. Убав почеток на годината во која реализацијата на капитални инвестиции ќе биде приоритет во нашето работење.

Ова на својата Фејсбук страна го напиша градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски зборувајќи за новите капитални проекти кои ќе бидат приоритет во Аеродром оваа година.

- Ветивме поубава, модерна и урбана општина, а со силна заложба и преку континуираните инфраструктурни проекти и инвестиции, ветувањата стануваат реалност“, истакна Муцунски во својата објава. Освен реконструкцијата на спортскиот комплекс „Патрик“, општината започна постапката за доградба и надградба на детската градинка „Изворче“, а наскоро започнува реализацијата на уште една инвестиција во чии рамки ќе се изврши доградба и надградба на основното училиште „Блаже Конески“.