Пуштен во употреба „Патрик“ во Аеродром - повеќенаменски комплекс со детски и спортски игралишта

„Патрик“ со неговата традиција несомнено заслужуваше да стане едно од најубавите катчиња во Аеродром. На моја голема радост, успеавме да го постигнеме тоа. Детската радост, спортските натпревари и успеси и понатаму ќе се одржуваат во срцето на Аеродром, каде направивме повеќенаменски комплекс со простор и за дечињата и за спортистите напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

- “На почетокот на овој месец официјално ја завршивме реконструкцијата на познатиот „Патрик“ која Општина Аеродром ја реализираше со поддршка на општествено одговорна компанија и каде сега на простор од 1600 квадратни метри се наоѓа модерно детско игралиште, повеќенаменско игралишта за фудбал и ракомет и кошаркарски терен. Станува збор за инвестиција која значи поддршка за развој на спортот, но и афирмација на маалскиот живот. Во изминатите две години преку вакви и слични проекти креиравме простор за спортување, игра и урбано живеење во Аеродром, “ напиша Муцунски.