Градоначалникот на Општина Аеродром се дружеше со најмладите

Како што објави на неговиот Фејсбук профил денес Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски се дружеше со учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“.

- “Во духот на празниците и во убава предновогодишна атмосфера, заедно со учениците изработувавме честитки, напишавме желби до Дедо Мраз, учествувавме во изработка на научни експерименти и посакавме убави и весели празници.“ напиша Муцунски.