Муцунски се вклучи во проект за дечињата со атипичен развој

Во основното училиште ,,Александар Македонски” во скопската општина Аеродром успешно се реализира проектот „Заиграј со нас” наменет за дечињата со атипичен развој. Во рамките на овој проект, децата добиваат часови со физички активности спроведени од тренери-асистенти.

 На еден од овие часови вчера присуствуваше и градоначалникот Тимчо Муцунски. Тој уште еднаш ја потврди посветеноста, поддршката и грижата на Општина Аеродром за сите дечиња.

„Среќен сум што како локална самоуправа го поддржуваме проектот „Заиграј со нас“ кој е наменет за дечињата со атипичен развој. Ваквите активности и иницијативи имаат големо значење за овие дечиња, како и за нивните семејства затоа што тоа придонесува за подобрување на нивниот целокупен развој. Секој минута посветена на нив е всушност вложување во поубава и безгрижна иднина за секој еден од нив”, истакна градоначалникот.

 Како Општина Аеродром, со гордост можеме да потврдиме дека и во иднина остануваме посветени на ваквите активности и ќе даваме силна поддршка на ваквите и слични проекти, велат од општината.