Целосно се реконструира комплексот „Бојмија“ во општина Аеродром

Градоначалникот општина Аеродром, Тимчо Муцунски информираше за инвестицијата и истакна дека проектот опфаќа целосна реконструкција на детското игралиште и фитнес просторот, изведба на ново фудбалско игралишта со вештачка трева и атлетска патека, целосна реконструкција на урбаната опрема, како и уредување и пуштање во употреба на фонтаната.

„За спортистите, навивачите и вистинските аеродромци - инвестираме во поубава општина, создаваме урбани локации каде младите ќе спортуваат и ќе живее маалскиот живот. Во срцето на Аеродром, комплексот познат како „Бојмија“ добива целосно нов и модерен изглед. Со ова продолжуваат активностите за реконструкција и разубавување на локалните површини во општината, а граѓаните добиваат уште еден простор за спорт и рекреација“ напиша Муцунски.