Муцунски се сретна Патрик Волер, разговараа за унапредување на соработката

Градоначалникот на општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со Директорот за меѓународните односи на ЕПП Патрик Волер.

- Имајќи ја предвид важната улога која ЕПП ја има во креирањето на иднината на Европа, задоволство беше да се разговара и низ плодна дискусија уште еднаш да се потврди силната и недвосмислена поддршка која тие ја даваат за ВМРО ДПМНЕ, порача Муцунски. 

- На средбата разговаравме за клучните иницијативи насочени кон унапредување на меѓусебната соработка и истовремено ја нагласивме потребата од нова влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, која ќе спроведе итни и суштински реформи во клучните области. Како потпретседател и претставник на најголемата политичка партија во Македонија ја нагласив нашата подготвеност за реформи кои ќе се засноваат на основните европски принципи и кои преку економски раст и развој ќе го унапредат живеењето во Македонија, информираше Муцунски. 

Тој на средбата нагласи дека идната влада, предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе работи чесно и одговорно и ќе биде посветена на промовирање на заедничките вредности на владеењето на правото, демократијата и напредокот.

- Убеден сум дека на наредните избори, граѓаните ќе го препознаат капацитетот на ВМРО ДПМНЕ и ќе дадат поддршка за овие вредности, вели Муцунски.