Молитва за човекот кој го имав и изгубив: Не знам каде е сега, само сакам да му е полно срцето!

Боже и денес размислувам за него. Размислувам за начинот на кој се смее и начинот на кој се насмевнува.

Размислувам за тоа како некогаш ми ги бакнуваше солзите од образот кога бев вознемирена или нежно ми го бакнуваше челото кога работев. Иако и двајцата знаевме дека после тоа нема шанси да останам фокусирана.

Тие ситници секогаш ме потсеќале на тоа како треба да изгледа љубовта: чиста, едноставна и одраз на тебе.

Воопшто не се сомневам дека го донесе во мојот живот со причина.

Никогаш не се сомневав дека тој дојде во мојот живот за да ме научи нешто, за да ми ја покаже убавината на поврзување на душите, за да ми покаже како е да пуштиш некого внатре и за да ми покаже како да бидам ранлива и несебична.

Боже, фала ти, за него.

Сега нашите патишта се разминаа и денес размислувам за него. Размислувам за неговото срце, неговата приказна и за начините на кои созреавме и се променивме.

Не сум огорчена, ниту скршена, само сакам да биде добро.

Мене ме благослови на многу начини: само сакам да знаеш дека треба да внимаваш и на него. Се надевам дека го штитиш и дека го држиш на дланка.

Сакам да знам дека го слушаш кога ти се моли. Сакам да го кренеш кога му е лошо и да му покажеш дека не е сам на ова патување.

Се молам неговиот живот да има смисла, срцето да му биде полно и да ти се обрати за помош кога ќе го снајде неволја. Затоа што си секогаш тука. И секогаш ќе бидеш.

Те молам да го штитиш од зло и да му се насмевнеш. Те молам да го водиш во насоката којашто ја сака и да му помогнеш да ја види убавината на животот.

Те молам да најде се што барал и повторно да се заљуби.

Не знам каде е сега. Можеби е во друга држава. Можеби оди на работа и уморно трча додека проаѓа со раката низ неуредната коса. Можеби не е толку далеку од мене, можеби се превртува во креветот додека му ѕвони алармот. Можеби сме толку далеку што никогаш нема да се сети на мене.

Тоа е во ред.