Молитва за љубов

 

Ти благодарам, Создавач на Универзумот, за подарокот наречен живот, кој ми го имаш дадено.
Ти благодарам, Ти кој си ми го дал она што секогаш ми било потребно.
Ти благодарам за можноста да го искусам ова прекрасно тело и овој прекрасен ум.
Ти благодарам што со својата љубов, со својот чист и неограничен дух, со својата топла и блескава светлина влегуваш во мене.
Ти благодарам што ги користиш моите зборови, што ги користиш моите очи, што го користиш моето срце, за да можам, каде и да одам, да ја ширам твојата љубов.
Те сакам токму таков каков што си, поради тоа што сум твоја креација, се сакам себеси, баш таков каков што сум.

Помогни ми да ја зачувам љубовта и мирот во своето срце и таа љубов да стане нов начин на живот, за во љубов да го проживеам остатокот од мојот живот.

Амин.

~ Мигел Руиз, од книгата „Четири спогодби со самите себе“, поглавје: Молитви