Утре се чествува раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, а денеска на студентскиот дом „Гоце Делчев“ осамна порака од страна на градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Целта на акцијата е да се каже „не“ за сите обиди на македонската Влада и некои странски Влади да го злоупотребат споменот на Гоце Делчев за внесување поделби во македонското општество.
- Во жртвата нема степен, таа завршува со име и чест: Гоце е Македонија, гласи пораката која осамна на студентскиот дом.