Млад битолчанец фатен како краде во Крива Паланка

Млад битолчанец фатен на дело како краде во Крива Паланка. 

- На 18.04.2024 во 08.40 часот, полициски службеници од Крива Паланка го лишиле од слобода Л.М. (19) од Битола. Тој бил затекнат на улицата „Коце Металец“ во Крива Паланка при обид да одземе предмети од приватен имот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полицијата.