81-годишен скопјанец, но и млада девојка вчера биле искасани од улични кучња

Во текот на вчерашниот ден три лица од Скопје биле каснати од улични кучиња. 

- На 01.05.2024 во 16.50 часот во Полициската станица Аеродром, А.А.(20) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник.

- На 01.05.2024 во 20.50 часот во Полициската станица Аеродром, Б.П.(48) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

- На 01.05.2024 во 12.20 часот во Полициската станица Карпош, Б.Ј.(81) од Скопје пријавил дека на бул.„8 Септември“ во Скопје бил каснат од куче скитник.