Уапсено младо момче за кражба на добиток

Завчера, во 09.15 часот во гостиварски Добридол, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.М.(19) од истото село.

- Тој се сомничи дека во период од 12.04. до 16.04.2024 од штала сопственост на А.И.(36) од селото одзел неколку грла добиток. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, велат МВР.