Мирис на печена круша и цимет - Рецепт за есенски куглоф

Овој колач со мирис на печени круши и цимет ќе ве освои на прва оваа есен.

За куглов со пречник 20см, потребни ви се следниве состојки: 

200 гр брашно

150гр шеќер

1 пакетче ванила 

2 јајца 

180 гр грчки јогурт 

кора од еден лимон 

60мл масло 

1,5 чајна лажица пециво 

1/4 лажичка сода

2 големи круши или неколку помали 

цимет

грчки ореви 

Начин на подготовка: 

Со миксер изматете ги јајцата, шеќерот, маслото и додадете ја ренданата кора од лимон. 

Помешајте ги во посебен сад сите суви состојки. 

Помешајте ги двете смеси и ставете во калап. 

Врз тестото наредете парчиња исчистени круши, а врз нив посипете цимет. 

Колачот печете го на температура од 180-190 степени, околу 40 до 45 минути. 

Колачот оставете го да се олади 10-тина минути, а потоа извадете го од калапот. 

По желба посипете со шеќер во прав.