Нестабилно во скопската котлина, ќе има обилен дожд и грмежи од вечерва

Времето денес сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови во северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХРМ за периодот од утре до петок најавуваат променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.