Мицкоски: Кисела Вода добива европски лик

-Задоволство е да се присуствува секогаш кога нешто ново се создава. Овде во Кисела Вода континуирано гледаме прогрес, гледаме како нешто ново се создава и ја користам оваа прилика да му честитам на Орце, градоначалникот, да им честитам на советниците, администрацијата, пратениците во македонското Собрание за напорите кои ги вложуваат Кисела Вода да добие навистина еден европски лик, порача денеска од Припор лидерот на ВМРО-ДМНЕ Христијан Мицкоски кој заедно со градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевси направија увид во градежните работи во овој дел од општината. 

- Сето она кое со години, би рекол и децении било запоставувано сега гледаме оди напред, се асфалтира, се работи, улици се асфалтираат, пазари се отвораат, се започнува со градба, спортски игралишта, детски игралишта. Навистина имајќи ја предвид целокупната ситуација во државата и односот на владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ кон општините каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, имајќи го предвид нивниот насилнички однос, сепак храбриот и чесниот пристап на градоначалниците, мотивираноста, само дава одговор на сето она кое го прави централната власт кон нив, односно на тој начин ги демантира сите неуспешни обиди да ги кочи во нивниот развој, да ги кочи проектите, да не реализираат проектите во општините каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, порача Мицкоски.