Мицкоски најави нова градинка во Расадник и ново училиште во Драчево

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го најави отпочнувањето со изградба на новиот објект на детска градинка која ќе биде дом за стотина дечиња. Според него ова е објект кој што ќе значи нешто во кое што започнуваат најмладите во својот живот да се образуваат, да се дружат, да ги минуваат своите детски години од најраната младост.

- “Ова е објект кој што ќе значи додадена вредност во квалитетот на живот на жителите во овој дел од Кисела Вода. Уште еднашка ќе ми дозволите да му честитам на градоначалникот, на советниците, претседавачот на Советот, пратеникот во Собранието кој што доаѓа од Кисела Вода, за сето она кое што го прават за општината Кисела Вода“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски напомена дека дека за месец дена од денеска најдоцна ќе се објави тендерот за изградба на уште една детска градинка во населбата Расадник, и ново основното училиште кое ќе се гради во населбата Драчево.

- “Кога сето ова ќе се заокружи доаѓаме до заклучокот дека најголемиот дел од програмата, и повеќе од тоа што беше ветувано на изборите во 2021 година од страна на градоначалникот, администрацијата на Општина Кисела Вода ќе биде реализирана и испорачана. И тоа заслужува честитки и пофалби.И морам да кажам дека на овој начин само така треба да се продолжи да се гради Македонија. И така ќе ја вратиме довербата кај граѓаните“, изјави Мицкоски.