Поставен камен-темелник на новата општинска зграда во Петровец

Денеска во општина Петровец беше поставен камен-темелник на новата општинска зграда.

На настанот присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

-Повеќе од седумдесетина години не е направено ништо, но затоа сега конечно се прави нешто кое во рок од шест месеци ќе ја разубави општината, но и ќе има пристојни услови за работа на општинската администрација, порача Мицкоски. 

Тој потенцираше дека се надевам дека ќе има уште многу нови проекти во самата општина, но и многу инвеститори нови домашни и странски итн. кои што со задоволство во изминатиов период својот бизнис го преселија овдека или пак го формираа овдека во општина Петровец.

-Задоволството е уште поголемо што без поддршка од Буџетот кој што и онака гледа како ги опструира градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, со сопствени средства самата Општина успева да најде начин да реализира една ваква голема стратешка инвестиција. А, како дополнение на тоа и оваа велосипедско пешачка патека во должина од 2 ипол километри која што исто така со сопствени средства Општината сама ја гради. Значи некои си 45-46 милиони денари инвестиции кои што би требало од тоа што успеав да прочитам на таблата велосипедско пешачката патека да биде готова некаде крајот на септември месец, почетокот на октомври, а како што кажа градоначалникот општинската зграда да биде до крајот на оваа година евентуално почетокот на следната година. Продолжуваме да градиме, рече Мицкоски.