Меџити: Ова не е политичка одлука, д-р Јовев ќе продолжи со работа во матичната клиника

Министерот за здравство Фатмир Меџити пред новинарите кажа дека разрешувањето на доктор Сашко Јовев нема никаква политичка позадина.

- Професорот ќе продолжи со работа како здравствен работник. Јас ќе се залагам за работата на професорот и за развивање на програмата за трансплантација. Посебна благодарност за сите трансплантации и за целиот тим на кардиохурургија“, кажа Меџити.

Меџити посочи дека од негово стапување на функцијата министер за здравство почнале промените во здравствените установи, при што биле сменети неколку директори, а дел од нив си поднеле оставка.