Маж и жена нападнати од улични кучиња во Скопје

Продолжуваат нападите од улични кучиња низ Скопје, а вчера и денеска биле пријавени два случаи.

Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Карпош, А.Н.(32) од Скопје пријавила дека на ул.„Радика“ била касната од куче скитник.

Денеска во 04.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.А.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Пржино“ бил каснат од куче скитник.