Маркетите манипулираат - на секој начин се обидуваат да го скријат рокот до кога е во употреба производот

Големи проблеми со декларациите на производите. Трговците на секој начин се обидуваат да го скријат рокот до кога е во употреба производот, а со тоа и да го загрозат и здравјето на граѓаните.

Освен досега познатито начин за лепење на нови декларации врз старите, со што незаконски се продолжуваше рокот на траење, најнов трик на маркетите е прекривање на датумот на траење со лепливи ленти и нудење на два производа по промотивна цена. Од Органзиацијата за заштита на потрошувачите потврдија дека се манипулира со декларациите и со рокот на траење на производот. Од таму велат дека постојано имаат преставки од граѓаните за роковите на траење, декларациите и нивната вистинитост.

Од Агенцијата за храна и ветерина велат дека пред да се купи производот мора внимателно да се прочита секој дел од декларацијата. Потврдуваат дека имало случаи каде производителот на опаковката има ставено една дата и декларација, а дистрибутерот или продавачот става нова и несоодветна декларација и рок на траење.