ДПИ: Дел од маркетите ги зголемија цените, не можеме да влијаеме да не се зголемуваат

Она што се очекуваше почна да се остварува. Дел од маркетите почнаа со зголемувањето на цените откако престана да важи мерката на Владата за загарантирани цени на дел од прехрамбените производи.

“Она што исто така го имам како информација е дека снабдувачите на големо веќе ги преправаат цените до трговците на мало со тоа што се очекува да се покачат цените, но повикувам на општествена одговорност од страна на трговците на мало и на трговците на големо со цел доколку има простор и можност цените да ги остават на истото ниво“, изјави директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Тој посочи дека не можат да влијаат на нивното зголемување ама верува дека дел од маркетите ќе прават акции со кои ќе има намалувања на одредени прехранбени производи.

Владата денеска од октомври 2023 година објави листа од 50 производи чија цена ја намалена за 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август истата година. Овие производи добија ознака „гарантирана цена“ во маркетите.

Листата вклучуваше над 50 производи во околу 25 категории од пекарската, млечната, месната индустрија.