Бурни реакции на граѓаните: Без леб нè оставија, треба да банкротираат

Владата вчера донесе одлука да се „замрзне“ цената на лебот на 33 денари, по што пекарите најавија дека нема да произведуваат леб, а тоа предизвика револт кај граѓаните.

На социјалните мрежи може да се забележат голем број поплаки од граѓаните дека не можеле да најдат леб во маркетите.

Да потсетиме, Владата ја „замрзна“ цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари до крајот на мај годинава.