Марихуана и амфетамин пронајдени во дом на 65-годишен скопјанец

Синоќа (23.05.2022), по претходно добиена судска наредба за претрес на дом, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и од СВР Скопје Единица за недозволена трговија извршен е претрес во домот на З.В.(65) во Скопје, информираат од МВР. 

За време на претресот во домот пронајдени се две паковки со амфетамин, една паковка со марихуана и вага, додека при пребарување на теренот околу куќата пронајдени се пет поголеми пакувања со амфетамин и пакувања со марихуана, закопани на различни локации.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, известуваат надлежните.