Малолетничка истепана од свој соученик

Татко пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик.

„На 18.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(38) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.