Малку се збори за булинг, а треба, бидејќи жртви се обично тие фино воспитаните дечиња, порача Ина Многуфина

На стартот од новата учебна година Ина Многуфина со порака со која сака да ја покрене свеста за булингот меѓу учениците. 

- Можеби сега на почетокот на учебната година треба да се позбори малку за булингот, за тоа колку од дома треба да се спремат децата дека во школо ќе сретнат и поразлични деца од нив, деца со посебни потреби, деца кои немаат брендирани облеки, деца кои се поповлечени, деца кои не доаѓаат од семејства со двајца родители, деца секој свој посебен свет кои заслужуваат убаво детство. Децата кои не се воспитани да се исмејуваат на другите обично не разбираат булинг затоа треба да им се објасни за да го препознаат и пријават на родителите. Булингот е насилство кое остава сериозни траги во кревката психа на секое детенце. Воедно родителите на децата жртви на булинг треба да се запознаат дека можат да го пријават во школото, доколку школото не реагира има адвокати има медиуми има начини. Родителите на децата кои прават булинг исто така имаат проблем, поминаа тие времиња на "деца се, остај ги". Булингот е прв знак на насилници, првиот аларм. Малку се збори за булинг, а треба, бидејќи жртви се обично тие фино воспитаните дечиња, порача таа на својот фејсбук профил.