Која правда? Институциите мислат ќотекот е фолклор и ги враќаат жртвите кај мороните - Ина Многуфина „распали“

Познатата Ина Многуфина со реакција за пресудата за убиецот на младата жена од Кочани. 

По веста дека е донесена пресуда за доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож, на социјалните мрежи следеа реакции дека правдата е задоволена, но со ова не се согласува Ина Многуфина. 

- За што, за еден морон што го пикнавме доживотно во затвор, а стотици други ги враќаме кај жртвите, дека институциите мислат ќотекот е фолклор? - праша таа. 

Ова е нејзината фејсбук објава во целост: 

- Убиецот од Кочани добил доживотен затвор па летаат наслови од типот "правдата е задоволена". Која правда е задоволена? Тоа што ниедна институција не се огласи на пријавите на Танкица дека и се заканува и ја уценува? Која правда? Тоа дека треба да го раниме сеа у затвор доживотно затоа што не успеавме да ја спасиме Танкица? Што е задоволено? Борбата против родово насилство? Сакате да ви кажам вчера што се дешаваше во државата која ја задоволува правдата? Еден со мајка му, татко му и тетка му ја тепаа жена му, друг отиде на работа кај бившата жена и ја претепа, трет ја тепаше жена му дома, четврт ја тепаше жена му и мајка и. Ова е скоро секој ден. Коментарите се "докиснало му е на човеко" и "му се споиле жичките". Која правда кога насилници имаат земено залет пошо знаат дека овие институции се глуви на пријавите. Насилници немаат страв ни од полиција ни од суд. Правдата била задоволена. За што, за еден морон што го пикнавме доживотно во затвор, а стотици други ги враќаме кај жртвите дека институциите мислат ќотекот е фолклор? За тоа што на жените и борбата против семејно насилство се загрижени сите во кампањи и после го забораваат тоа? Па не е борба против насилство само сликање на трибини и кажување дека сте против. Гледате дека нешто не функционира, сменете закони, дајте казни. Правдата била задоволена. Како не бе.